Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од златото на Иловица

Бизнисменот Назиф Дестани, сопственик на „Еколог“, ги продаде своите акции во канадската компанија „Еуромакс Рисорсес“, која турка контроверзен проект за отворање рудник за злато и бакар кај Иловица.

Во јануари 2023, Дестани преку холандска фирма вложи 3 милиони долари во „Еуромакс“, а само две недели подоцна, Вишиот управен суд донесе одлука во корист на рударскиот проект.

Според здружението „Здрава котлина“, Дестани е близок до ДУИ и неговото вклучување во „Еуромакс“ можеби влијаело на судските одлуки.

Одлуката на Владата од јуни 2023 за спојување на концесиите за рудникот „Иловица – Штука“ предизвика внатрешни несогласувања и сомнежи за прекршување на процедурите, а по реакциите беше повлечена.

Компанијата Еуромакс тврди дека институциите ѝ наштетиле со политички одлуки и најавува можност за арбитражна постапка врз основа на договор меѓу Македонија и Швајцарија.

Тетовецот Назиф Дестани кој на македонската јавност и е познат како сопственик на фирмата „Еколог“ ги продаде акциите во „Еуромакс Рисорсес“ („Еуромакс“), компанија која подолг период турка проект за отворање на рудник на бакар и злато кај месноста Иловица во струмичко.

Холандската компанија „НДХ БВ“ (NDX BV) која е дел од групацијата „НД Груп“ чиј основач е Дестани пред десетина дена за 3,2 милиони долари ги продала акциите што ги поседуваше во „Еуромакс“ на компанијата „ВВВ Комодитис енд Рисорсес“ (VVV Commodities and Resources). Според сајтот на „Еуромакс“ компанијата на Дестани веќе не е дел од акционерската структура на компанијата.

nazif destani ekolog se otkaza od zlatoto vo ilovica 1
Дестани преку неговата фирма во Холандија во јануари 2023 година вложи три милиони долари во акции од компанијата „Еуромакс рисорсес“, а две години подоцна се повлекол

ДОМА уште пред две години веќе пишуваше дека Дестани преку неговата фирма во Холандија на 24 јануари 2023 година вложи три милиони долари во акции од компанијата „Еуромакс рисорсес“. Индикативно беше што само петнаесетина дена откако Дестани ги купи акциите во „Еуромакс“, Вишиот управен суд одлучи да ја уважи жалбата на канадската компанија, која подолг период пред македонските судови се жалеше на одлуката на Владата да го раскине договорот за една од концесиите за експлоатација на руда на оваа локација.

Back to top button
Close