НБА: Чикаго со најдобар сезонски старт од 1996
Кошаркарите на Чикаго дојдоа до својата петта победа по ред од почетокот на сезоната во НБА лигата, совладувајќи го изминатата ноќ Њујорк со 135-125.

Џош Гиди постигна 32 поени, што е негов личен рекорд, а Никола Вучевиќ додаде 26 поени за Чикаго, кој го има својот најдобар почеток на сезоната од 1996 година.
Словенецот Лука Дончиќ, кој се врати на теренот по пауза од три натпревари поради повреда, го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до триумф над Мемфис Гризлис со 117-112.
Дончиќ беше најдобриот поединец во победничкиот тим со 44 поени, 12 скокови и шест асистенции.
Резултати:
Кливленд – Торонто 101 – 112
Индијана – Атланта 108 – 128
Филаделфија – Бостон 108 – 109
Чикаго – Њујорк 135 – 125
Феникс – Јута 118 – 96
Мемфис – ЛА Лејкерс 112 – 117
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 126 – 124
Портланд – Денвер 109 – 107.






