НБА: Дурант се искачи на петтото место на вечната листа најдобри стрелци

Кошаркарите на Хјустон извојуваа минимална победа над Мајами со 123-122 пред домашните навивачи во натпревар од НБА лигата што го одбележа ветеранот Кевин Дурант.
Триесетиседумгодишниот Кеј-Ди придонесе во победата со 27 поени, кои беа доволни да се искачи на петтото место на листата најдобри стрелци на сите времиња (32.294).
Дурант го надмина на вечната листа легендарниот и за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан (32.292).
На челното место сè уште е активниот Леброн Џејмс (43.241), а по него следуваат Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Малоун (36.928) и Коби Брајант (33.643).ег

Back to top button
Close