НБА: Гиди уште четири години во Чикаго за 100 милиони долари
НБА лигашот Чикаго го продолжи договорот со талентираниот 22-годишен австралиски кошаркар Џош Гиди за уште четири години.
Според американските медиуми, вредноста на договорот е 100 милиони долари.
Со височина од 2,03 метри, Гиди игра како дефанзивец и минатата сезона во дресот на Булс имаше просек од 14,6 поени, 8,1 скокови и 7,2 асистенции по натпревар.
Гиди дојде во Чикаго минатото лето од Оклахома Сити во замена за Алекс Карузо, а во 2021 година беше шести избор на драфтот.