НБА изготви „корона протокол“ на 158 страници

Раководството на НБА лига во пресрет на новата сезона им испрати на екипите 158 страници долг протокол со здравствени и безбедносни барања, најавувајќи ненајавени инспекции на салите и одземање на правото на организирање натпревари во случај на нивно прекршување.

Во скратената сезона, која стартува на 22 декември, секоја од екипите ќе одигра 72 натпревари, нема да се игра Ал Стар натпревар во февруари, а во тој термин ќе има кратка натпреварувачка пауза со која ќе се одделат двата дела од регуларниот дел на сезоната.

Предвидени се и таканаречени „балони“, налик на завршницата од минатата сезона во Орландо, со цел да се намалат патувања на екипите, а со тоа и ризикот од зараза од коронавирус на кошаркарите.

Единствената канадска екипа во НБА лигата, Торонто репторс своите натпревари во првиот дел од сезоната ќе ги игра во Тампа, на Флорида.

Новата сезона во НБА лигата ќе биде отворена со градското дерби меѓу

Лос Анџелес лејкерс и Лос Анџелес клиперс.

Back to top button
Close