Не 23, туку 36 години имала пациентката која почина од ковид во Велес

Локални медиуми во Велес синоќа објавија дека во болницата починала 23-годишна девојка позитивна на вирусот. Од болницата денеска појаснија дека е направена грршка, односно пациентката од Иванковци немала 23, туку 36 години.

Грешната информација за возраста на девојката се случила ненамерно, од страна на болницата, од каде се извинија. Таа била хоспитализирана во модуларната болница седум дена, била со церебрална парализа, параплегија и епилепсија.

Back to top button
Close