„Не е за кого е речено, туку за кого е печено“: Докторка со најмногу бодови не била вработена во болницата во Гостивар, туку 10 други полошо рангирани
Докторка по медицина се јавила на јавен оглас во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар за да добие договор на неопределено и освоила 84 бодови со што била прворангирана.

Арно ама, болницата наместо неа, вработила 10 други доктори на огласот а таа останала со договор на дело. Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен ѝ ја одбила жалбата, па таа морала да поведе тужба пред Управниот суд, пренесе Слободен печат.
Огласот бил објавен на 28 декември 2023 година за вработување на 10 доктори на медицина, 10 медицински сестри, 3 физиотерапевти, 1 рентген-техничар и 1 биохемичар. Тужителката навремено се пријавила за работното место „доктор на медицина“. По доставувањето на документите за работното место на сите што учествувале на огласот, бил спроведен стручен испит и испит за странски јазик. Докторката на ранг-листата после овие спроведени тестирања била прва, со 84,40 бодови. Но, тоа не било доволно за да се вработи.
…
повеќе






