Не ги дала снимките од видео надзор на полицијата и ќе одговара

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.Н.М.(42) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“.

viber sharing button

Пријавената, управител во правно лице од Виница, на 04.10.2021, постапила спротивно на наредба од Основен суд Крива Паланка за одземање на видеозаписи од правното лице, односно не ги дала снимките од видео надзорот, кои биле побарани со цел откривање на пријавено кривично дело.

Пријавената изјавила дека поради наводна техничка грешка настанот не бил сниман.

Back to top button
Close