Не го напуштив јас СДСМ, се самонапушти (самораспушти) СДСМ

Приказната за СДСМ во “нашата земја!” е долга и широка, колку што се долги годините од осамостојувањето на Македонија и колку што ни е широка земјичката – в долж и попреку.

Ете, случајот сакаше, низ таа долга и мачна приказна, да се плеткам и самиот – од првиоте парламентарни избори, 1990, претседателските избори 1999, големата загуба 1988, кога “народот беше во право и кога греши!”, победата 4 години подоцна, со владата Guns N’ Roses, расточувањето – со пребегот и кам бекот на Тито Петковски, се до последното изборно крешчендо пред неколку дена.

Ако ги изземам претседателските избори 199, кога Црвенкоски ни нареди да ги чуваме изборните резултати по струшките села (јас со Бузлески во Лабуништа), се друго е “исто како и досега”, што би рекол Али, додека Тито Петкоски, денеска, безочно лаже како тој побарал да се повлечат активистите со скршени глави, а со тоа да се прекине и гласањто! “Причам ти приче”!

На личен план, во оваа хроноловијa, влегува и 2005-та, кога, неподносливатa леснотија на владеењето на Бучкоски, достигна дереџе, после кое немаше – назад.

Свитка лист, отиодв на “Бихачска”, на тогашниот организациски секретар Олиовер Спасовски, му се заблагодарв за членството – написмено.

Писменцето – повлекување од СДСМ,истиот ден, дамата со “неограничен демокраски капацитет!”, Шеќериндка, го прекрсти во оставка, те ја прифати “оставката!” ( поднесена на “Бихаќска”!) и во функција на потпретседателка на Владата, ме рaзареши од функцијата!

Го напуштив, ли, јас СДСМ, или, пак, СДСМ, самиот себе си, се самонапушти (самораспушти)!?

Моето скромно мислење, долго искуство и уште подолго паметење, ме водат на заклучок дека е во прашање – второто. СДСМ самиот себеси се самонапушти – до самораспуштање!

Причините за тоа не треба да се бараат надвор од себе си. Што можеш сам себе си да си направиш, никој не може да ти направи.

Она што СДСМ го влече надолу како сидро, уште од пред осамостојувањето (СКМ ПДП), преку транзицијата до денес, е негативната кадровска селекција. Земете ги Бучковски и Заев, како негативен, односно Никола Попоски, како позитивен аспект.

Од кадровскиот кадровски шешир, да го извлечеш Бучкоски, првин како портпарол, а потоа и како лидер-наследник и конечно премиер, е исто што и немање минимум чувство кај еден кадровик.

Да го помилуваш Заев, за да го ставиш за лидер, кој една година ќе ти грее и чува столчето на “Бикаќска”, е нешто повеќе од кадровско прашање и навлегува во моралните компетенции.

Од друга страна, да се откажеш од услугите на Никола Попоски, како спикер, или министер за финасии, само затоа што бил “шкрт!” кон партиските послушници, подопашници легнати на државни јасли, е исто така, пар екселанс негативна селекција.

И гледајте, сега чудо. Низ сите тие перипетии, на сцената, или, зад завесата, лебди портретот на Бранко Црвенкоски. И кога од неговиот лик и дело градевме ПР државник -поединец, а не афирмиран владин кабинет, што продолжи со напуштањето на владата и преселбата во покомотниот претседателски кабинмет, со оставањето на СДСМ по принципот “и по Тито-Тито” (колективно претседателство!), вазалството на Шеќеринска и Бучковски, па се до денес.

Негативна селекција водена од лидерот, дополнително стимулирана и селектирана од Наташка Савова, “урбаната легенда!” која не трпи провинцијалци, е сеидбата, за она што СДСМ го жнее денес.

Да не зборуваме за вродената, длабоко вкоренета, практично, кодот на СДДСМ: е самобендисаност, надуеност, препотентност, надменост, блискост со народот и членството додека трае кампањата, сшппоред принципот “помина љуњата – еба ти гуњата”!

Жално е и неправедно што сетоа тоа, на крајот, се кистури врз грбот на довчерашниот претседател Стево Пендаровски. Човекот, кој за поединци-челници во СДСM беше баласт, цеден во кандидатурата до последен момент.

А, всушност, тој бил локомотивата за СДСМ. На своето, односно нивното конто донесе сто илјади гласови повеќе. Сатисфакција за него, ШЛАКАНИЦА за СДСМ!

Не е во прашаљње само “кондициојата” на СДСМ, како што вели внимателно-скромниот Пендаровски. Во прашање беше опструкцијата на самозамислените ведети, кои, на својот внатрешн противкандидат му пуштаа јавни пацки, всушност, отворени сопки, самопромовирајќи се себе си на два-три внатрешни, саморесорни измислени настани.

Користејќи за себепромоција настани кои ги параа срцата на граѓаните, како оној со убиството на малото девојче во Скопје.

Сега што? Народот и членството се оставени со прстот в уста. Една мала група, ќе си гио топли задниците во собраниските клупи, никој за ништо нема да ја есапи, а тие однапред се изесапија – ИМУНИТЕТОТ му е мајката!!!

Веле Митаноски

Back to top button
Close