Нејмар: Не можам да те дочекам љубов моја!

 Најголемата ѕвезда на Пари Сен-Жермен, Нејмар објави нов пост на својот Инстаграм. Бразилскиот фудбалер постот го посвети на Лигата на шампионите која ќе продолжи во август.

– Не можам да те дочекам, љубов моја! – напиша Нејмар.

ПСЖ се пласира во четвртфиналната фаза.

Одлучено е оваа сезона четвртфиналето, полуфиналето и финалето на Лигата на шампионите да се играат во формат „Фајнал 8“. Натпреварите од завршниот турнир ќе се одржат од 12 до 23 август во Лисабон.

Back to top button
Close