Нејмар вреди колку целиот тим, против кој ПСЖ игра во четвртфиналето од ЛШ

Четвртфиналниот натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и ПСЖ нуди најголема диспропорција кога станува збор за парите потрошени на плати и засилувања на играчите.

Анализирајќи ги платите на играчите, „Газета дело Спорт“ заклучи дека Нејмар годишно заработува исто толку, колку и целиот тим на Аталанта. Имено, бразилскиот напаѓач има годишна плата од 36 милиони евра, додека кај Аталанта најплатени се Папу Гомез, Јосип Иличиќ и Дуван Запата, кои заработуваат 1,2 милиони евра по сезона.

Исто така, постои огромна разлика во трансферите на играчи. ПСЖ го донесе Нејмар летото 2017 година со плаќање на Барселона рекорден надоместок во историјата на фудбалот во износ од 222 милиони евра, додека во јули 2018 година го доведоа Калјан Мбапе од Монако за 135 милиони евра.

Од друга страна, најскапото засилување на Аталанта е колумбискиот напаѓач Луис Муриел, за кого и платија 20 милиони евра обештетување на Севиља (јуни 2019), а на второто место е хрватскиот играч од средниот ред Марио Пашалиќ, чиј договор го откупија од Челси ова лето за 15 милиони евра.

Најдобриот играч на клубот, аргентинскиот играч од средниот ред Папу Гомез, ги чинеше само 4,5 милиони евра, онолку колку што во 2014 година платија на украинскиот Металист од Харков.

Back to top button
Close