„Не ме плаши корона, туку лоши луѓе“: Атиџе разочарана, и скршиле 20 нови, а две стари трмки со пчели и украле

Јас не се плашам од Корона, како рекол Господ така ќе биде, мене повеќе ме плашат лошите луѓе, вели Атиџе Муратова, хероината од документарецот „Медена земја“. Таа за mms.mk вели дека овој период додека сите се плашат од Корона таа повеќе е во Бекирлија, си диши чист воздух, сади лук, кромид и компир, се дружи и со кучето и со пчелите. Е токму пчелите овој период најмногу ја натажуваат, оти не и се сите на број. Разочарана е што има луѓе што сакаат само да му наштетат на другиот.

-Кај да бидам, тука сум со пчелите. Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имам што да видам, 20 нови трмки, кои требаше да се населат со пчели беа скршени а две трмки постари полни со пчели ми украле. А годинава не знам како ќе биде, малку повеќе дува ветер, а кога дува не се ројат. Мене ме нервира лошото во луѓето, да живее некој за да му наштети на другиот. Ете тоа не можам да го разберам. Јас никому не сум му наштетила, ниту сакам. Јас не сум таков човек и затоа тоа не можам да го разберам кај другите луѓе, вели разочарано Атиџе.

Додека светот се тресе од пандемија, таа деновите ги поминува во својата куќичка, со кучето и со, како што вели, здрава храна.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close