„Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“: Одбраната на Едровска открива ново име – таа била ангажирана само за паркинг

„Во јавноста се создаде погрешен впечаток дека Милка Едровска е креатор на дискотеката. Тоа не е точно. Таа не ја проектираше дискотеката, туку архитектот Виктор Апостолов од Кочани”

Ова е клучната теза на одбраната на петтообвинетата Милка Едровска и нејзината фирма „Венци Проект“. Нејзиниот адвокат тврди дека таа е дипломиран градежен инженер, а не архитект за внатрешно уредување, и дека нејзиниот ангажман бил сосема поинаков од она што го тврди Обвинителството, пренесе 4news.

„Таа дојде за паркинг, а најде дискотека“ Според одбраната, Едровска била ангажирана од инвеститорот (Дејан Јованов) исклучиво за да изготви сообраќајно решение за паркинг места. „При увид на лице место, Милка констатирала дека деловно-магацинскиот простор веќе е преуреден и адаптиран во дискотека. Таа не е творец на тој простор, туку Виктор Апостолов, според чии скици и цртежи првообвинетиот го уредил просторот,“ истакна бранителот.

 

Повеќе

Back to top button
Close