Не можам со стап да ги тепам како мали деца за да изберат уставни судии, вели Џафер

Сите стрели за тоа што не се избираат судии во Уставниот суд кој наместо со девет, работи со пет судии, се вперени кон мене, но додека не се договорат членовите на Комисијата за избори и именувања за уставните судии јас не можам со сила да ги натерам изберат, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во 24 Анализа.

Тој вели дека лидерите на политичките партии, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски треба да седнат и да се договорат за да се одблокира оваа комисија и да се изберат уставни судии.Според него, не мора да има лидерска средба, туку лидерите на партиите треба да им дадат инструкции на координаторите во Собрание да се договорат и да се изберат судии.

Тој вели дека со заминувањето на претседателот на Комисијата, Тимчо Муцунски и преминувањето на БЕСА во опозиција и Алтернатива во власт, власта нема мнозинство што е предвидено со Деловникот, а тој не можел да ја свика Комисијата без материјали, со бел лист на хартија.

Откако Беса го напушти парламентарното мнозинствосе блокираше работата на 7 собраниски комисии, каде практично мнозинството го немаат СДСМ и ДУИ со новиот партнер – Алтернатива, туку го контролира опозицијата (ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Беса…).

Другите комисии продолжија со работа, но оваа комисија остана блокирана, за што претседателката на УСтавен, Добрила Кацарска му испрати писмо на Џафери.

Back to top button
Close