Не ни треба ФБИ, ни треба независно судство и обвинителство, рекоа пратеници од СДСМ

Опозицијата ја прифати, а власта ја отфрли иницијативата на Павле Трајанов од Демократски сојуз за формирање на македонско ФБИ (при примерот на американското Федерално биро за инстраги) кое ќе лови криминал и висока корупција. Со осум гласа против и пет „за“ предлог законот не помина на Комисијата за политички систем во Собранието.

До пратениците не допреа апелите на Трајанов.

Дајте одважете се, оставете ги настрана партиските ставови, дајте поддршка на законот во интерес на граѓаните и во интерес на евроинтеграциските процеси – порача тој.

Според пратениците на СДСМ веќе имаме институции кои треба да се борат со корупцијата, но признаа дека треба да станат поборбени.

Пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска – Ванчева, смета дека надлежностите на Агенцијата ќе се вкрстат со тие на МВР, Обвинителството, Финансиска полиција, Антикорупција и затоа нема потреба од дополнителна агенција.

-Имаме проблеми во обвинителството и судството и со тие проблеми треба да се занимаваме, а не со формирање на уште едно ново тело – рече таа.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, изјави дека институциите постојат но не ја вршат нивната работа како што треба.

Според предлогот на Трајанов, Агенцијата би имала директор 7 годишен мандат, кој би се избирал од управен одбор составен од лица со висок кредибилитет и интегритет. Главната работа на Агенцијата би била откривање на тежок организиран криминал и висока корупција

Back to top button
Close