Не очекувам прелевање кај нас, но подготвени сме за предизвиците – вели Мицкоски за случувањата во Србија со студентските протести

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците. Доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но не очекувам прелевање кај нас. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за случувањата во соседна Србија, каде денеска се одржува масовен студентски протест, но и како ја оценува безбедноста состојба во нашата држава, односно дали случувањата во Србија можат да се рефлектираат и кај нас

Back to top button
Close