Не одете на Бали без виза. По грешка на агенцијата наши туристи заглавиле на аеродромот во Истанбул

Софија Митева на социјалните мрежи се пожали дека, таа и нејзината пријателка, на пат кон Бали останале заглавени на аеродромот во Истанбул. Од агенцијата Jungle tribe им рекле дека сите патници визата ја добиваат на пристигање на аеродромот во Бали, додека се испоставило дека законот е различен за патниците со македонски пасоши, односно дека виза треба да добијат пред пристигање.
Дека е потребна виза за македонски граѓани за влез во Индонезија стои и на сајтот на Министерството за надворешни работи.

Велат и дека туристичкиот водич продолжил со останатите патници накај Бали, а двете девојки од Македонија останале без никаква информација и помош од агенцијата на аеродромот во Истанбул.
Според сведоштвото кое патничката го сподели на Инстаграм, тие сами барале лет назад кон Белград, а на аеродромот откриле дека оваа не е прв случај туристичка агенција од Македонија да направи ваков превид кога се во прашаше патувањата на македонски граѓани на Бали.

 

 

 

Back to top button
Close