Не пишувај пред избори ќе ти ја кренам фамилијата во воздух: Кандидат за пратеник на ЗНАМ му се заканувал на новинарот Момировски

Кандидат за пратеник на ЗНАМ му се заканувал на новинар со зборовите „Не пишувај пред избори ќе ти ја кренам фамилијата во воздух“, објави синот на новинарот Зоран Момироски.

Целата објава на Фејсбук во продолжение:

– Моето семејство доби испратена закана од Емил Јанески преку заеднички пријател, дека доколку мојот татко Зоран Момироски продолжи да го споменува неговото име во неделните колумни како Претседател на Општинскиот огранок на “ЗНАМ” особено во овој чувствителен предизборен период, Емил Јанески ќе испрател луѓе кои се спремни да ја дигнат во воздух мојата фамилија.

Му порачувам на Емил Јанески да се консултира со неговиот близок пријател и негов поранешен работодавач, бивш градоначалник на Прилеп Илија Јовановски-Муцето како тоа се организира. Дотолку повеќе што пред 15 години Муцето во практика ја спроведе таа тактика врз мене.

Ги повикуваме Претседателот на #ЗНАМ Максим Димитриевски, генералниот секретар на #ЗНАМ Горан Минчев да си го приберат Емил Јанески. Ако не го приберите одговорноста ќе биди ваша.

А тебе Емил ако ти е малку мојата фамилијарна куќа на Чумовчанец можам ви порака да ти ја пишам и мојата лична адреса. А, ако имаш време на располагање и да не прајш трошоци на два пати почекај 2-3 недели ќе си дојдиме сите комплет со моето семејство, па крени не сите во воздух на еден трошок. – стои во објавата на Фејсбук.

 

Back to top button
Close