Не помина амандманот за средства од буџетот за повредените во пожарот во Кочани

Во Собраниската Комисија за финансирање и буџетирање денеска започна амандманската расправа по предлог ребалансот на буџетот. Пратениците разгледаа повеќе амандмани, меѓу кои и амандманот за одредување средства од буџетот за повредените во пожарот во Кочани.

Заменик министерот за финасии Николче Јанкуловски рече дека не го прифаќа затоа што има системски решенија, и има фондови преку кои како Влада секојдневно помагаат. Тој оцени дека овој амандман е за освојување на политички поени.

Пратениците од опозцијата обвинија дека власта се грижела само за зачувување на рејтингот, но не и за реална помош и поддршка на повредените и семејствата на жртвите од пожарот во Кочани.

-Вие сте спремни само да си го задржите рејтингот. Ако ви беше барем малку грижа немаше да го стопирате законот за повредените, ако ви беше малку грижа ќе го прифатевте овој амандман кој ветува помош, но очигледно вас ви е само до зачувување на рејтингот, рече пратеничката на СДСМ Јованка Тренчевска.

Пратениците од власта пак, од друга страна истакнаа дека нема да политизираат ваква трагедија, но и дека истовремено нема да бегаат од темата. Тие потсетија на помошта која моментално Владата ја пружа и планира да ја остави на располагање до целосно закрепнување на повредените.

-Има бесплатни лекови, беслатна психолошка помош, лекување во странство се до целосно закрепнување. Во овој ребаланс има обезбедено средства за ослободување од партиципација. Внимателно ги разгледав сите амандамни за оваа трагедија затоа што тоа е навистина потребно бидјеќи ова е трагедија од светски размери и заслужува максимално внимание и ги разбирам и родителите и сите афектирани и тука нема да политизирам. Ги разбираме луѓето, после такви трагедии како модуларната болница, Ласкарци, трагедијата во Бугарија ги разбираме луѓето да немаат доверба, бидејќи немало одговорност, немало обештетување. Но, ние не бегаме од оваа тема, го нудиме целиот легитимитет. Ние од оваа тема нема да правиме политика, ако сметате дека е исправно градете ги столбовите на политиката на оваа проблематика, за нас нека зборуваат делата, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Како пример го посочи амандаманот 148, на кој вели, потишани се само тројца пратеници за изградба на старечки дом во Кочани. Ја поздравувам иницијативата, но да не биде потребата од создавање политика, пред се, да бидеме малку луѓе. Зошто го зборувам ова, одете на Венко Крстевски на 5 мај на неговиот фејсбук профил и видете го описот во моментов тој е в.д градоначалник потпишан од вашата пратеничка група, нека работи а ние сме тука да му помогнеме. Одобрена апликација за дом на стари лица 199 милиони денари. Крстевски оваа недела ќе го потпише договорот, а од наредната ќе почне да го гради. Сте поднеле амандман за три милиони, а обезбедени се 199 милиони, рече Стојаноски.

Пратениците од опозицијата, исто така испратија критики до минситерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, затоа што не беше присутна на комисиската расправа.

-Треба да научиме дека тој што го крои буџетот и треба секој ден да дава отчет, треба да биде присутен овде, рече Фатмир Битиќи од СДСМ.

На барање на Оливер Спасовски од СДСМ дадена е едночасовна пауза, по што се очекува седницата на Комисијата да продолжи со расправа по амандманот поднесен од СДСМ за помош на повредените во Кочани.

Back to top button
Close