Нe-реформскиот курс на оваа влада

Владата во секоја демократска држава има проста но влијателна улога – создава законски услови и политичка клима бизнисот и економијата да продуцираат развој и вработувања, благосостојбата на граѓанството е нејзина природна цел. Владата не е место за стекнување богатство и криминално влијание, не е рекет машина за владејачките партии и не е место за заплашување на легалниот бизнис со прогон заради негово дисциплинирање и потоа рекетирање. Што од ова не е јасно?

Дали сегашната вмровска влада полна со реформски и развојни ветувања влегува било како во рамките на овој демократски стандард? Едноставно Не! Не, поради тоа што некој не ги сака партиите на власт туку поради нејзиното катадневно дејствување во анти- реформски, заплашувачки, рекет-правец, наспроти горниот стандард (кој не е тежок за разбирање, но очигледно е претежок за практикување) .

Тоа ќе го испитаме на еден супер очигледен пример: Постои Одлука на Уставен суд со која се поништува закон на Парламентот предложен од владата за т.н солидарен данок. Таа Одлука е донесена на 05.02 20025, а со значење на поништување или претпоставка како Законот воопшто да не постоел односно со обврска на Владата за враќање на сите уплатени средства кон компаниите ( кои претходно ги уплатиле и биле за тоа задолжени со поништениот закон).

Извршување на одлуките на Уставен суд е должност на органот задолжен за даночните трансакции односно Министерството за Финансии на владата. Што до сега не е јасно од сево ова ?

Владата сепак наспроти сета легална „јасност“ не сака да им ги врати парите на компаниите (кои сега имаат легално право на тоа) ниту да им дозволи со тие средства да ги пребијат своите даночни обврски.

Односно ги „краде“ туѓите пари и им се сити на компаниите дека „не и можат ништо“. Затоа ова го неведуваме како пример на авторитарна своеволност и насилие на владата кое ја дефинира како анти-реформска. Таа не ја реализира Пресудата на Уставниот суд за која е должна според Уставот и Законот (имено, го узурпира владеењето на правото ) и нелегално присвојува туѓи пари – бирајте како ќе го наречете тоа.

Дополнително, со тоа Министерката за финансии прави кривично дело: злоупотреба на службените овластувања со нереализирање на Пресудата на Уставниот Суд и оштетувајки го Буџетот за допонителните пари за камати на невратените средства кои ќе треба да им се исплатат на компаниите заедно со главницата – по евентуалната редовно-судска Пресуда за овој случај (која се чини неминовна, како стојат работите сега).

Не мора да Ве интересира идеологијата на властите, по вакви мали насилни злобности и своеволие најдобро ја оценувате секоја власт.

 

Back to top button
Close