Не се изгласа пакетот закони поднесен од Левица: Пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ се глуви пред крикот на младите

– Додека на Македонија ѝ се случува масовен егзодус, владејачкото мнозинство, заглавено во политичка ароганција, нема никаков слух за суштинските ПОТРЕБИ НА МЛАДИТЕ. На денешната собраниска седница, САМО 19 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА ЗА пакетот закони поднесен од Левица, со кои се адресираа најгорливите проблеми на младите и младите семејства (како домување и економска сигурност).

Пратениците од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ не гласаа за скратено и флексибилно работно време од ШЕСТ ЧАСА за родители до шестата година на детето!

Пратениците од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ не гласаа за утврдување МАКСИМАЛНА ВИСИНА на закупнините и заштита на оние кои немаат сопствен дом!

Пратениците од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ не гласаа за нов Закон за државна поддршка при купување на ПРВ ДОМ за млади!

Пратениците од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ не гласаа за МЕСЕЧЕН ВАУЧЕР во износ од 6.000 денари за неформалните грижители за деца (како баби и дедовци)!

Пратениците од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ не гласаа за бесплатен јавен превоз за родители на деца до 6 години!

Иако овој пакет на мерки и предлог закони произлезе од директна и широка анкета која ја спроведе Левица меѓу младите, власта заглавена во безидејност продолжува да го ИГНОРИРА гласот на младите. За погубната тенденција на иселување, говори податокот дека оваа учебна година во македонските училишта се запишале дури 27.000 ученици помалку, споредбено со пред 10 години.

Одговорноста за тоа што Македонија старее е во сите владејачки елити досега, кои изградија систем каде за некого ДОМУВАЊЕТО Е ЛУКСУЗ, додека нивните милионери функционери богатството го трошат по раскошни локации, како Монако и Дубаи. – велат од Левица

Back to top button
Close