Не се очекуваше ваков потенцијал на вирусот во лето, оцени српскиот епидемиолог Кон

Српскиот епидемиолог Предраг Кон денеска изјави дека не се очекувало дека новиот коронавирус ќе покаже толкав потенцијал во текот на летото.

– Таа неочекуваност не се случи само кај нас. Каде и да се олабавија мерките, нагло се појавуваше,  рече Кон.

– Мислам дека сега сме на максимум од вториот врв. Многу е важно мерки да се воспостават, па дури и  ако не се почитуваат да  се применат санкции, посочи епидемиологот.

Кон изјави дека првичното затворање на државата е заменето со носење маски.

– Денес, постојат јасни истражувања кои покажуваат дека маската поединецот го заштитува само 30 проценти, но ако секој носи – тогаш заштитата е повеќе од 90 проценти, рече Кон.

Тој смета дека сегашното сценарио не е најлошото што можеше да се случи и дека фактот дека вториот врв се случил во текот на летото е олеснителна околност, затоа што „не се судира со сезонскиот грип“.

Back to top button
Close