„Не се планира укинување на вториот пензиски столб“, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека Владата размислува за укинување на вториот пензиски столб.

Одговарајќи на новинарско прашање дали префрлањето на средствата од вториот во првиот пензиски столб би го решило дефицитот во пензискиот систем, Мицкоски истакна дека таква иницијатива не постои.

„Кој најавил дека ќе има укинување на вториот столб? Не разбирам“, рече Мицкоски.

На забелешката дека во јавноста се води дебата на оваа тема, премиерот одговори дека може да зборува единствено во име на Владата.

„Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема“, изјави Мицкоски.

Back to top button
Close