(Не)секојдневните навики на кралот Чарлс

Британскиот крал Чарлс Трети е познат по своите необични навики, па така, на пример, кога ги посетува пријателите за викенд, тој носи „речиси половина од својот мебел“ со себе… Кралот, исто така, носи своја органска храна. Писателот Том Бауер, во својата книга „Бунтовнички крал: Создавањето на еден монарх“ („Rebel King: The Making of a Monarch“), говори за необичните навики на Чарлс…

„Ден претходно (пред гостинската посета), кралот испраќа камион полн мебел, за да се замени совршено поставениот мебел во гостинските соби. Камионот ја содржел целата спална соба на Чарлс и Камила, вклучувајќи ортопедски кревет, неговата постелнина, мало радио, тоалетната школка на Чарлс, ролни тоалетна хартија „Клинекс премиум комфорт“, виски „Лапројг“ (Laphroaig) и вода во шише“, пишува Бауер.

За себе, Чарлс вели дека повремено јаде храна од растително потекло, за да го намали влијанието врз животната средина.

– Со години избегнував месо и риба два дена во неделата и млечни производи еден ден, рече кралот во една прилика.

Натаму, кралот Чарлс никогаш не јаде какви било варени јајца, туку мора да бидат совршени… Тој инсистира да му се сварат шест јајца, за барем две од нив да бидат совршено сварени по негов вкус. Така, кралската кујна (според неофицијални наводи), користи околу 42 јајца неделно само за да свари совршени јајца за кралот.

Кралската биографка Тина Браун, пак, од друга страна, во својата книга „Записи од палатата“ (Palace papers), наведува дека Чарлс често носел готов мартини на вечера.

„За разлика од кралицата, која јадела она што ѝ е послужено, принцот однапред ги одредувал своите преференции во менито и понекогаш пристигнувал со офицер кој носел готов мартини, однапред подготвен за батлерот да му го налее во чашата“, пишува таа. – „Тој (кралот) не ручал со години, но на инсистирање на кралицата Камила и неговите лекари, вовел оброк од половина авокадо за пладне“, се додава.

 

Back to top button
Close