Не сме имале контакти со Реџепи, вели Адеми од ДУИ

Според Арбер Адеми, причина за отсуството на Реџепи од Беса е неговата евроатлантска ориентација

Арбер Адеми, координаторот на пратеничката група на ДУИ, изјави попладнево дека од неговата партија немале контакти со пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, кој со своето отсуство оневозможи кворум за утврдување на дневниот ред на собраниската седница за недоверба на Владата.

На прашање дали од ДУИ знаат каде е Реџепи, Адеми рече дека тоа прашање треба да му се упати на пратеникот на Беса. Тој исто така рече дека ДУИ немала контакти со Реџепи, за кого, слично како и Артан Груби, посочи дека е евроатлантски ориентиран и дека тоа е причината поради која не дава поддршка за изгласување на недоверба на Владата.

„Секако дека повеќето пратеници се за Влада која негува евроатлантски вредности. Убеден сум дека срцето на Реџепи лежи во Брисел и во Вашингтон“,

изјави адеми како одговор на сомневањата на Билал Касами од Беса и на Зијадин Села од Алијанса за Албанците дека Реџепи не по своја волја е спречен да дојде во Собранието.

Back to top button
Close