Не смееле ни да излезат на терен, биле со солзи – АЕК клекна пред навивачки ултиматум

„Имавме сигнали во текот на денот, бидејќи тие разговори траеја од 10 часот кога беше техничкиот состанок, кога треба да се договир сѐ, како ќе тече протоколот. Нашиот клуб и МВР донесоа одлука, по сѐ што се случува во државата, бројот на влезници за гостите да биде 200. Дел од навивачите на АЕК допатуваа во Скопје, дел не. И тука настана проблем. Дадоа ултиматум на претставниците на АЕК дека ќе трпат последици, ако се појават на теренот. Управата на АЕК затоа не им дозовли да се појават. Ракометарите на АЕК имаа и солзи на очите, но не смееја против одлуката на управата“, рече Зоран Цветановски, претставник на „Алкалоид“ за МРТВ.

Тој додаде: „Точно се знаеше дека тој контингент е 200. Се напраивја напори, им беше кажано да не доаѓаат. Но тие патуваа без разлика дали имаат влезници или не. Нашите органи од МВР си ја знаат работата, беа децинди дека мора така да биде. Јас нема да си дозволам да ги толкувам критерумите, правилата и сите тие кои имаат свои некои правила на игра во ЕХВ. Тоа нема да си дозволам. На прва, логично е дека треба да биде 10:0. Можно е сѐ да се случи. Сметам дека Алкалоид треба да го добие трофеојот, но би почекал, бидејќи може да се појави друга варијатна (skopje1)

Back to top button
Close