Не сум му портпарол на Џафери, одговори Ковачевски на нападите од опозицијата

Вие бегате од прашање, а не јас од одговор, затоа што наместо вие да му го поставите прашањето на претседателот на Собранието, ми го поставувате мене, а јас не сум негов портпарол, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од Драган Ковачки.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот на Владата да го осуди однесувањето на Талат Џафери кон собраниските служби бидејќи на прес-конференција на новинарите веќе им признал дека на телевизиската снимка од 11 мај е неговиот глас и нема сомнежи околу автентичноста на снимката. Праша и зошто неговиот сопартиец од СДСМ Панчо Минов не ја закажува седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања по пријавата од пред две недели на ВМРО-ДПМНЕ за однесувањето на Џафери.

– Доколку не побарате од Минов да свика седница, а од Талат Џафери оставка, ќе покажете дека Етичкиот кодекс е мртов и дека повеќе не важи, рече Ковачки на седница посветена на пратенички прашања.

Претседателот на Владата Ковачевски во одговорот рече дека пристојноста во однесувањето нему му значи и тоа, рече, зависи лично од секој човек на кој начин комуницира и е предмет на етичките стандарди кон кои се придржува. Во однос на барањето за седница на Комисијата, одговори дека голем број седници на собраниските тела се откажани поради бојкотот на опозицијата и дека парламентарните седници не ги закажува премиерот.

-Уште првиот пат кога дадов изјава, реков дека не можам да му наредувам на Собранието на кој начин ќе го спроведува Етичкиот кодекс на однесување, туку за тоа постои соодветна Комисија. Исто така, не може на пратениците некој од надвор да им ги закажува седниците. Поради бојкотот на опозицијата во Собранието, голем број седници се откажани и голем број законски решенија не се носат. Ако може премиер да се јавува и тогаш веднаш да ги закажуваат седниците, тогаш да воспоставивме таква пракса. Но не може закажување на некоја седница, а на некоја не, да биде исклучок само затоа што некому тоа му одговара, рече Ковачевски.

Незадоволен од одговорот, пратеникот Ковачки рече дека премиерот Ковачевски

Back to top button
Close