Не сум уапсен, вели екс директорот на ЗОО Скопје

Јас само давав изјава вчера пред надлежните служби, не сум притворен – за ,,Фокус” изјавил Кристијан Стаменов, директорот на ЗОО Скопје, кого вчера го разреши скопската градоначалничка Данела Арсова, по скандалот со кланицата извршена над десеттина коњи во кругот на институцијата.

Денес во повеќе медиуми се објави веста дека тој бил уапсен. Според МВР, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош, лишија од слобода 5 лица, и тоа Д. М. (25), А. М. (43), М. Х. (45), В. Г. (46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З. Р. (44), надворешен соработник.

„При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина односно во кујна за подготвување храна за животните, како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

Дополнително бил повикан и К. С. (35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор

Повеќе

Back to top button
Close