Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту во преговорите со „Бехтел и Енка“, вели вицепремиерката Грковска

Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите со „Бехтел и Енка“, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

-Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите. Не. Тоа го водел сосема друг состав на Управувачки комитет, ниту пак бев во државата кога Договорот се разгледувал на седница на Влада, рече Грковска прашана зошто ако била во Управувачкиот комитет и била запознаена со содржината на Договорот со американско-турскиот Конзорциум дека има две опции – поевтина и поскапа, не ја предупредиила Владата дека проектот ќе чини многу поскапо.

Back to top button
Close