Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Иако е потребен негативен ПЦР тест за државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на земјата, тестот не е потребен доколку тие транзитираат или летаат преку скопскиот аеродром.
Од Министерството за внатрешни работи за СДК.МК, велат дека овие државјани за транзит треба само да приложат авионски билет и да потпишат изјава дека во рок од 3 часа ќе ја напуштат земјава.
По информацијата дека 24 патници се позитивни на ковид на летот од Скопје за Турку, Министерството за здравство соопшти дека 95 од патниците биле со косовски пасош, а само двајца биле со македонски. Од вкупно 157 патници, 60 биле со фински пасош, а останатите патници со бугарски, естонски и шведски пасоши.