Не успеа и 47. обид за конституирање на парламентот на Косово
Процесот на конституирање остана блокиран откако движењето Самоопределување ја предложи Аљбулена Хаџиу за претседател на собранието, иако нејзината кандидатура веќе неколку месеци не наидува на поддршка од другите парламентарни партии
Конститутивната седница на собранието на Косово и денеска беше прекината по 47. пат.
Претседавачот на седницата, Авни Дехари, ги повика политичките субјекти да предложат претставник за Изборната комисија, што би овозможило избор на претседател на парламентот и негови потпретседатели. Сепак, освен движењето Самоопределување на Албин Курти, ниту еден друг субјект не понуди предлог, со што се доведе до уште еден неуспех во процесот на конституирање на косовското собрание.
На 15 април собранието на Косово не успеа по 46. пат да избере претседател и потпретседатели.
Процесот на конституирање остана блокиран откако движењето Самоопределување ја предложија Аљбулена Хаџиу за претседател на парламентот, иако нејзината кандидатура веќе неколку месеци не наидува на поддршка од другите парламентарни партии.
Од партијата на Албин Курти велат дека немаат намера да се откажат.
Од друга страна, од опозициската партија со најмногу пратеници во парламентот, ДПК, за 360 Степени пред неколку недели рекоа дека би отвориле пат за конституирање на собранието само ако се предложи друг кандидат кој не бил член на првата и или втората влада на Курти.
Во меѓувреме, на 26 јуни, Уставниот суд пресуди дека собранието мора да се конституира во рок од 30 дена, но без да ги разјасни последиците доколку овој рок не се почитува. Ова отвори пат за различни толкувања од страна на политичките партии, кои остануваат поделени во пристапот кон решавање на ситуацијата.
Пратениците следен обид за конституирање на собранието ќе имаат по 48 часа.