Не успеа првиот обид за смена на бугарскиот јавен обвинител Гешев

Пленумот на Врховниот судски совет на Бугарија вчера не изгласа смена на главниот обвинител Иван Гешев, јави дописникот на МИА од Софија.

По 1,5 дебата за останување на Гешев на функцијата гласаа 16 члена, а против се изјаснија двајца.

Првпат во Бугарија имаше обид за отповикување на главен обвинител. Смена на Гешев беше побарана по 2,5 години од неговиот седумгодишен мандат.

Првиот што ја почна оваа постапка беше поранешниот в.д. министер за правда Јанаки Стоилов. Во меѓувреме, министерката за правда Надежда Јорданова изнесе многу обвинувања против Гешев.

За поддршка на главниот обвинител на Бугарија гласаа претставниците на обвинителскиот колегиум и дел од членовите на судската квота, што се дел од монолитното мнозинство во Врховниот судски совет.

Причина за барањето за смена на главниот обвинител Гешев од функцијата беше неговата наредба за објавување информации за одредени постапки од јавен интерес.

Back to top button
Close