Не знам дали е непотизам, но нема законска пречка, вели Таравари за ангажманот на братучедот на директорот на Детската клиника

Министерот за здравство Арбен Таравари посочи дека поради големиот медиумски интерес се распрашал за Алајдин Мемеди и бил информиран дека раководел со една здравствена институција во 2014 и 2022 година. Резултатите, според министерот, покажуваат дека тој бил еден од најуспешните директори што раководеле со една установа

Се соочуваме со недостиг на кадар во неколку сектори во администрација на Клиниката за детски болести. Невозможно е оваа установа да функционира без советник во областите на финансиите и сметководството. Во таа насока, не е спорно што сме ангажирале советник. Ова денеска на прес-конференција по повод потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада, го изјави Реџеп Мемеди, директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со ангажирањето за советник консултант на клиниката на Алајдин Мемеди, еден од поранешните економски директори, за кој партијата Левица обвини дека му е братучед.

„Советници имале сите претходни директори на Клиниката. Тоа е во рамки на доволеното. Во тој дел немаме промена на трошоците. Ние сме голема институција, имаме преку 300 вработени, преку 70 илјади прегледи на пациенти годишно и шест илјади хоспитални пациенти. Имаме недостаток на кадар во административниот дел. Со години секторот за финасии работи беа раководил на сектор, одделот за јавни набавки работи со еден вработен без раководител. Невозможно е голема институција да функционира без советник во областа на финасиите и светководство. Во тек сме на доекипирање и надополнување на тој кадар, секако во рамките на законските норми“,рече Мемеди.

Одговарајќи на прашањето дали Алајдин Мемеди треба да врати пари на клиниката, директорот рече дека конкретната личнот за која е прашан е единствениот економски што добил судски спор кој самиот го иницирал поради неговото неосновано разрешување од функцијата економски директор.

„Има судско решение дека не направил никакви прекршоци во своето делување. Тоа е доволен факт дека работел во согласнот на законските норми“,рече директорот на Детската клиника.

Министерот за здравство Арбен Таравари посочи дека поради големиот медиумски интерес се распрашал за Алајдин Мемеди и бил информиран дека тој изминатиот период не бил економски директор, односно не бил директор во периодот кога ги разрешувале економските директори.

„Тој раководел со една здравствена институција во 2014 и 2022 година. Резултатите покажуваат дека тој бил еден од најуспешните директори што раководеле со една установа. Тој сега не е директор. Тој може да биде советник, каде било, за да даде совети од неговото минато искуство“,вели Таравари.

На прашањето дали тоа е непотизам, Тараври одговори дека не знае, но смета дека не може да му се забрани на директорот да ангажира советник со кој мисли дека подобро ќе раководи со Клиниката.

Посочи дека во една здравствена установа со систематизација е предвидено советничко место, директорите истото ќе можат да го ангажираат.

Back to top button
Close