„Не знам како сум жив“ – шокантна исповед на единствениот патник кој ја преживеа несреќата на Боингот 787 во Индија

Британец кој ја преживеа несреќата на авионот на Ер Индија му рекол на своето семејство: „Не знам како сум жив“ во телефонски повик неколку секунди по падот на авионот, изјави неговиот брат за Скај њуз.

Вишваш Кумар Рамеш е единствениот патник за кој досега се знае дека преживеал откако летот 171 на Ер Индија се урна во зграда во четврток попладне кратко по полетувањето од Ахмедабад, во индиската држава Гуџарат.

Неговите роднини потврдија дека разговарале со него по несреќата – но не можеле да стапат во контакт со неговиот брат, за кој се верува дека исто така бил во авионот.

Зборувајќи од Лестер, братот Најан му рекол на новинарот на Скај њуз, Шаман Фримен-Пауел, дека нивниот татко бил на телефон со Висваш додека авионот сè уште бил на пистата.

Две минути подоцна, нивниот татко добил видео повик од Вишваш, кој рекол дека авионот се урнал и дека тој преживеал.

„Додека сè се случуваше, му направив видео повик на татко ми и му реков: „Авионот се урнал. Не знам каде е мојот брат. Не гледам други патници. Не знам како сум жив – како излегов од авионот“, рече Најан.

Вишваш претходно изјави за „Хиндустан тајмс“ дека слушнал „силен тресок“ околу 30 секунди по полетувањето – и непосредно пред да се сруши авионот.

„Сè се случи толку брзо“, изјави тој за весникот, додавајќи дека претрпел „повреди од удар“ на градите, очите и стапалата.

„Кога станав, имаше тела околу мене. Бев исплашен. Станав и почнав да трчам. Парчиња од авионот беа околу мене.“

„Некој ме зграпчи и ме стави во амбулантно возило, п ме однесоа во болница.“

Back to top button
Close