Неделава се отвораат казината и фитнес-салите, денеска или утре одлука за целосно отворање на границите

Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата отворање на казината и автомат-клубовите во обложувачниците, да почне со работа јавниот превоз во Тетово и до крај на неделата да се отворат фитнес-центрите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ова олеснување ќе се спроведува според строги правила во протоколите што ги подготви Комисијата.

Филипче најави дека денеска и утре ќе се разговара и за целосно отворање на границите, без сегашните услови.

-Ситуацијата со епидемијата е во полн ек. Состојбата во регионот покажува дека во сите земји има пораст на случаите и тоа значи дека ќе мора да се навикнеме да живееме со вирусот и на овој начин на лична заштита и тоа најверојатно ќе биде уште долго, не само оваа туку најверојатно и следната година-рече Филипче.

Back to top button
Close