Неделава средба со АА и А, премиерот Заев апелира да ги повлечат амандманите за да се одблокираат законите од пакетите мерки

Во текот на неделава ќе одржиме средби со Алијанса за Албанците и Алтернатива (АА и А) за надминување на проблемот со блокираните закони во Собранието од пакетите мерки за борба против Ковид-19, најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Утревечер имам конечен состанок со министрите за внатрешни работи и за правда и другите соодветни институции за да го заклучиме тоа што беше наша обврска од правата средба за прифаќање на сугестиите од страна на двете опозициски партии – Алијанса за Албанците и Алтернатива за да можеме во среда, четврток или петок да го закажеме состанокот од кој очекувам да изнајдеме трајно решение за добивање на државјанства за оние наши граѓани кои немаат, рече Заев во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој ги повика и апелираше двете опозициски партии да ги одблокираат законите.

-Свесни се за нашата инклузивност во процесот и за нашето прифаќање на сугестии. Аргументациите кои беа дадени на маса се прифатливи, а тие ги разбраа и аргументациите на извршната власт кои им беа  дадени пред нив како пратеници. Апелирам да ги повлечат амандманите за да се одблокираат сите закони од пакетите мерки за борба против Ковидот, потенцира премиерот.

Back to top button
Close