Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, утрово обвини дека Министерството за труд и социјална политика (МТСП) сака да ги заплаши вработените во градинките кои се приклучиле на штрајкот за зголемување на платите.
„Четврти ден од почетокот на штрајкот во градинките и училиштата, без понуда за зголемување на платите. Наместо наоѓање решение на проблемот, МТСП врши обид да ги заплашува штрајкувачите во градинките со разни дописи. Почит и поддршка до сите вработени во градинките и училиштата кои се во штрајк – напиша Неделков на социјалните мрежи споделувајќи стихови од, како што вели, химната на СОНК.