Неделков: Пари за прекувремено ангажирање на наставниците се префрлени од МОН до општините

– Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК Јаким Неделков денеска на Фејсбук напиша дека пари за прекувремено ангажирање на наставниците се префрлени од Министерството за образование и наука до општините.

– На денешната средба со министерката Царовска добивме уверување уште еднаш дека пари за прекувремено ангажирање на наставниците се префрлени од МОН до општините. Исто така министерката се обврза дека МОН во текот на денов ќе искомуницира со сите училишта и општини каде има проблем со исплата на средства за прекувремена работа, напиша Неделков на Фејсбук.

Back to top button
Close