Неделков: СОНК доби покана за продолжување на преговорите во 15 часот во просториите на МОН

Претседателот на СОНК предмалку преку фејсбук-статус истакна дека синдикатот добил покана за продолжување на преговорите за денеска во 15 часот. Додаде и дека СОНК ја поддржува заложбата на МОН за одвојување пари од буџетот со цел доближување до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предмалку преку фејсбук-статус истакна оти Синдикатот добил покана за продолжување на преговорите денеска во 15 часот во просториите на МОН.

Претходно, Неделков исто така преку Фејсбук истакна оти СОНК ја поздравува заложбата на министерот за образование Јетон Шаќири за изнаоѓање  средства за задоволување на барањата на вработените во образованието, откако претходно денеска министерот истакна оти е подготвен да пренамени дел од буџетот на МОН сè со цел доближување до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот.

„Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација“, лидерот на СОНК, Јаким Неделков на Фејсбук.

Претходно денеска, министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека е подготвен да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближи до процентот на покачување на платите на наставниците што го бара СОНК.

Тој додаде дека ова го побарал и од другите министри во Владата поради тоа што во тоа гледа опција преку која би можело да се постигне решение во рамки на социјалниот дијалог со синдикатот.

Back to top button
Close