Недоразбирања околу Прличев на состанокот на мешовитата Комисија за историски прашања

Mакедонскиот тим од мешовитата комисијата за образовни и историски прашања со Бугарија, состаноците што се одржаа во овие два дена ги оцени како најтешките разговори досега. Како што брифираат од македонскиот тим за МИА, се отворила дискусија за Григор Прличев, но бугарската страна не прифатила оваа личност да биде чествувана од страна на С Македонија, Бугарија и Грција.

„На предлогот на македонскиот тим, дискусијата да продолжи врз основа на првично усогласениот текст за трипартитно чествување кое се наоѓа во заклучоците на записникот од третата средба и Првиот годишен извештај и е прифатено од бугарската страна. Сега, бугарските колеги спротивно на заедничките заклучоци предложија нов текст кој македонските членови на Комисијата го оценија како навредлив за чувствата на етничките Македонци и сите граѓани на С Македонија“,велат од макеоднскиот тим, пренесе МИА.

Според нив, на денешната средба биле дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, во кои се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кои се покажале како применливи во надминување на спорови што произлегуваат од различното толкување на минатото. Но, од бугарска страна тие предлози биле одбиени како неприфатливи и неприменливи.

„На првиот ден тема на дискусија беа учебниците по историја и усогласување на препораки за нивно подобрување. Двете страни разменија предлог идеи како да се дојде до решение кое би помогнало во носење на препораки како да се подобри историското образование. Од македонска страна беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и неприменливи. За жал, очигледно е отсуството на воља кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација често затскривана позади фразата ‘историска вистина’. Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем“,

брифираат оттаму за МИА.

Во текот на двата дена членовите на Комисијата дискутирале и за содржината на Вториот годишен извештај, при што откако на претходни технички средби беше усогласен Извештајот на Комисијата, бугарската страна изразила резерва во однос на некои решенија со што го довеле во прашање самиот Извештај.

„И покрај овие сериозни пречки во работата на Комисијата, македонскиот тим останува посветен на решавање на историографските прашања“, bрифираат за МИА од македонскиот тим на Комисијата.

Back to top button
Close