Нефи Усеини и брат му во бегство по пресудата притвор

Полицијата трага по советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат откако судот денеска им одреди притвор од 8 дена за кривично дело насилство.

Кривична пријава против браќата Усеини беше поднесена вчера за инцидентот што се случил пред хотел во Охрид, кога го нападнаа Спиро Топаловски.

Топаловски обвини дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини заедно со уште неколку лица го нападнал и претепал пред хотел во близина на градот.

Според Топаловски, Усени го повикал да дојде на средба а потоа извадил пиштол пред очите на неговиот малолетен син. Тогаш и бил нападнат од братот на Усеини и уште две лица кои биле во негова придружба. По нападот тој побарал лекарска помош.

Тогаш Усеини во кус телефонски разговор за Телма ги демантираше тврдењата на Топаловски велејќи дека се невистина.

Back to top button
Close