Нефи Усеини пак се тепал во Охрид

Нефи Усеини, охридскиот бизнисмен и советник од ДУИ во општина Охрид, кој последно го шеташе во градот министерот за економија, Крешник Бектеши, додека ја чека пресудата за нападот против неговиот сограѓанин, Спиро Топаловски, предизвикал нов инцидент.

Тој во просториите на општината со тупаници натепал педесет и шест годишен сограѓанин, кој учествувал во наддавањето на тезгите на кејот во Охрид.

– На 21.06.2022 година околу 15.30 часот на улицата ‚Димитар Влахов’ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У. врз Т.В.(56), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во билтенот на СВР Охрид.

Дека станува збор за Усеини објави порталот Фактор. Предметот за претепувањето на нивниот сограѓанин Спиро Топалоски, поради кое се гонат за насилство е во судска завршница. Во изминативе три години, ова е негова четврта физичка пресметка

 

 

Back to top button
Close