Неготинчанец нападнал полицаец, завршил во притвор

– Неготинец бил лишен од слобода поради физички напад врз полициски службеник, соопшти денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Вчера околу 09:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода М.Н.(29) затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Додевски.

Back to top button
Close