Неготинчанец сакал да ги запали родителите

СВР Велес поднесе пријава против 27-годишен неготинчанец кој предизвикал пожар во куќата на неговите родители. Синот и родителите имале нарушени односи. Тој во повеќе наврати им се заканувал и имал забрана за приближување.„СВР Велес поднесе кривична пријава против М.А.(27) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „загрозување на сигурноста”, две кривични дела „предизвикување општа опасност” и две кривични дела „неизвршување на судска одлука”. Пријавениот, во повеќе наврати упатил закани на неговите родители, а по изречена мерка „забрана да се приближува на растојание на 100 метри до домот” од Основен суд Неготино, во два наврати ја прекршил, а кога отишол во нивниот дом предизвикал пожар“ – известија од МВР.

Back to top button
Close