Неготинец приведен оти ја нападнал девојката, двајца тиквешани приведени за напад кон полицајци

 

Неготинец  бил приведен оти ја нападнал девојката, двајца тиквешани пак,  за напад кон полицајци, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа  во 20 часот полициски службеници од ОВР-Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, затоа што физички ја нападнал неговата 37-годишна девојка. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Нешто подоцна, во 02.10 часот изутринава,  на улица „Илинденска“ во Кавадарци,  полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР-Кавадарци, ги привеле П.К.(23) од село Тимјаник неготинско и Д.М.(26) од Неготино, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close