Неготинец со возило удрил во пешак и тешко го повредил, па настанала физичка пресметка

Синоќа  во 19:45 часот на паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(38) од Неготино, удрило во пешакот В.А.(44) од Неготино.
Веднаш потоа настанала и физичка пресметка помеѓу нив. Во несреќата В.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
 По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close