Неисправен автобус превезувал прилепски ученици на екскурзија

Вчера околу 14 часот и 30 минути, на улица “Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово запреле автобус со прилепски регистарски ознаки, а кој претходно превезувал ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка.

Кај автобусот, кој веднаш бил испратен на технички преглед, констатирани се технички неисправности, по што бил исклучен од сообраќај.

Против возачот на автобусот, правното и неговото одговорно лице ќе бидат изготвени, односно ќе следуваат соодветни поднесоци, додека автобусот ќе биде надвор од функција до отстранување на техничките недостатоци.

Back to top button
Close