Неизвесна е ситуацијата со Обрадовиќ во Партизан, а спортскиот директор Савиќ поднесе оставка

Неизвесноста околу оставката на тренерот на КК Партизан Жељко Обрадовиќ останува до утре (сабота). По денешниот состанок на Управниот одбор и трофејниот тренер конечната одлука ќе биде познат најверојатно утре кога „црно-белите“ ќе се вратат на редовните активности (тренинзи).

Обрадовиќ по состанокот заминал и според српските медиуми не се предомислил и оставката останува, иако раководството на клубот не ја прифати.

Тренерот Обрадовиќ покрај поддршката од раководството доби и од навивачите на „црно-белите“. Претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ истакна дека ќе ги направи сите напори Обрадовиќ да остане тренер во Партизан.

Сепак во КК Партизан денеска е потврдена една оставка. Спортскиот директор Зоран Савиќ поднесе оставка и ја презеде одговорноста на лошите резултати на почетокот на сезоната.

Back to top button
Close