Нека ги тргнат барикадите па ќе се сретнам со приватните превозници,порача Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе го прифати барањето на приватните автобуски превозници од Скопје за средба, но откако ќе се создадат услови за дијалог и откако тие ги отстранат блокадите од улиците на главниот град.

– Можам да кажам: „да“, јас сум човек којшто ќе се сретне со сите со коишто треба, меѓутоа не под притисок и не под уцена. Прво што треба да направат е да ги ослободат улиците и да им ги вратат на граѓаните на Градот Скопје, чија што сопственост се тие улици, за да може градот да функционира. Второ, на тој состанок мора да бидат и надлежните органи од Градот Скопје. Зашто? Бидејќи мора да се види со нив, затоа што Владата нема надлежност во делот на јавниот превоз во Градот Скопје. И трето, се работи за должничко-доверителски односи помеѓу приватни компании и јавно претпријатие во надлежност на Градот Скопје и сите тие претпоставки мора да се имаат во предвид, истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата посветена на буџетот на МТСП за 2023 година.

Back to top button
Close