НЕКА СЕ ГРАДИ ТУНЕЛОТ КОН БУКОЈЧАНИ !

Итен повик до вицепремиерот Александар Николовски

Почитуван г-дине Николовски, го забележав Вашиот ангажман околу изградбата на автострадата Гостивар -Букојчани и објаснувањето за промена на првобитната траса со избегнување на пробивање на тунел проектиран во должина од 5,3 километри.

Јас не сум градежен инжињер или геодет, но ќе ми доволите, како граѓанин на оваа држава да Ве повикам да вложите максимални напори за да дојде до реализиација на овој тунел.

Зошто?

Затоа што сметам дека се рабити за значаен, незаменлив дел на овој капитален развоен проект, а Вие баш сега се наоѓате на функцијата и во моментот кога, како што вели, да го парафразирам големиот писател Џејмс Џојс „Не се работи за минатото и иднината – се работи за ВЕЧНАТА СЕГАШНОСТ“.

Г-дине Николовски.

Секако дека од денешен аспект, стои Вашето рационално објаснување за висината на трошоците за изградба на овој тунел, но да повторам, се работи пред се за ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ на нашата држава и на нејзините граѓани. Овакви објекти се градат ЕДНАШ ВО ВЕКОТ! Видете ги тунелите последниве години оние во соседствпото.

Јас не сум финансиски експерт. Но, со сознанија кои ги имам за овие капитални проекти, како што ми вели искуството, на среден и долг рок многукратно се враќаат ваквите инвестици. На крајот на краиштата не само тунелот туку и нагорниците и надлониците ќе имаат не мала трошковна вредност.

Но, ако ние како државјани денес храбро не го понесеме товарот на овој капитален проект, нема утре да се оправдуваме во стилот дека „Железарата не требаше да биде изградена во Скопје“, или „Топилницата во Велес“, не требаше да инвестираме овде и онде …

Големата развојна слика за нашата Македонија е во нејзината геостратешка позиција, крстопатот на европските трансверзали број 10 и број 8 што Вие честопати го нагласувате, а што се утврдени уште во 1995 година и во критските докумети на европски визионери и транспортни експерти.

За развојот на татковината, г-не Николовски не е на одмет да се откажеме од дел од нашата денешна живеачка, и во една легална постапка сите да поднесеме вонредни жртви, било како кратење на личните приходи или задолжување на идните корисници на благодети што денес ги создаваме.

Благодарам на вниманието.

Виктор Габер

 

Back to top button
Close